Во периодот од 06.02.2023 до 10.02.2023 во нашето училиште Страшо Пинџур-Карбинци се спроведоа неколку активности за одбележување на Неделата на информатиката и тоа:
Активност 1-“Кодирај го своето име”, во која покажаа посебен интерес и задоволство при кодирање на името преку абецедата во бинарен систем.
Активност 2 -“Како се чувствуваме додека сме Online?”- Кодирање со бои.
Активност 3 – Игра со QR Кодови – Потрага по богатството.Во играта се натпреваруваа сите ученици и прашањата беа од материјалот по информатика.
Активност 4 – Во рамки на недела на информатика се одбележа и денот на Девојки во СТЕМ со активност ” и со микробит”.
Во активностите беа вклучени ученици од VI и VII одделене под менторство на наставничката по информатика Мартина Горгиева и наставничката по математика Силвана Јакимова Бинова.







