Денес учениците учесници во проектот „Здравје и благосостојба преку податоци и наука“ ги презентираа реализираните активности и резултати пред директорката на училиштето, наставници и соученици!
Проектот е дел од STEM Learning Ecologies, на наставничката Силвана ЈБинова во соработка со наставничката Јулијана Поповски, и со поддршка од здравствени институции од Штип.
Во текот на неколку месеци, учениците:
Истражуваа параметри за физичко и емоционално здравје,
Мереа моторички способности и дигитална активност,
Анализираа податоци и изработија постери со препораки за подобра благосостојба,
Активно се вклучија во промоција на здрави навики!
Честитки за сите ученици за вложениот труд, одговорност и креативност! Ваквите активности не само што ги унапредуваат знаењата и вештините, туку ги инспирираат младите да бидат активни граѓани и промотори на здрав живот!
Благодарност за поддршката до сите присутни наставници и ученици






