Тим од ученици – членови на Детскиот парламент и Ученичката заедница

Горди на нашите успеси!

Тим од ученици – членови на Детскиот парламент и Ученичката заедница, заедно со своите наставници-ментори, достојно го претставија нашето училиште во Собранието на Република Северна Македонија на 20 ноември.

Учениците со тим од наставници од одделенска настава, изработија два хамери, на кои ги презентираа своите идеи и активно учествуваа во дебата пред присутните.

Со особена гордост истакнуваме дека, по избор на стручната комисија на Собранието на Република Северна Македонија, нашите два хамери се избрани да претставуваат два месеци од годината во календарот на Собранието.

Честитки до нашите ученици и ментори за трудот, креативноста и одличното претставување!

Продолжуваме да создаваме млади со идеи, став и визија за иднината

Наставници ментори: Маре Стоилова и Викторија Андова Голубова.