Со особена чест и задоволство го одбележавме отворањето на реновираното подрачно училиште при ПОУ „Страшо Пинџур“ – Радање

Овој значаен чекор претставува инвестиција во образованието, иднината и благосостојбата на нашите ученици и целата локална заедница.

Реновираното подрачно училиште ќе овозможи поквалитетни услови за учење, побезбедна и попријатна средина, како и еднакви можности за образование за сите деца.

Благодарност до сите институции, соработници и поединци кои придонесоа оваа визија да стане реалност.

Образованието е темел на иднината – а денес направивме уште еден важен чекор напред.