Октомври, месецот против насилството, во нашето училиште со учениците од предметна настава заедно со училишниот педагог се реализираа активности за спречување и поголема свесност меѓу учениците за насилството и сајбернасилството како движечко насилство.
Се одржаа работилници и презентации на темите: Булинг-врсничко насилство и Сајбернасилство- и тоа е насилство. Сите ученици од прво до девето одделение проследија презентации на темите на одделенски час со своите одделенски/класни раководители.






Leave a Comment