🍏🍅🍊🍇По повод светски ден на здравата храна,а под мотото “Здрава храна-здрава иднина” во нашето централно училиште во Карбинци и во подрачните училишта се реализираа низа активности како што се: подготовка, презентација и дегустација на здрав оброк, подготовка на туршија, подготовка на смути како здрав напиток, искажување на пораки за здрава храна итн.Учениците имаа задача дома да го подготват својот омилен здрав оброк, а во улилиштето истиот го презентираа и дегустираа.Целта на овој настан е да се подигне свеста за што поголема конзумација на здрава храна и нејзиното значење за здрав живот.🎉🍏🍅🍊



























