Со многу труд и имагинација тие изработија новогодишна елка од запчиња, преку која ја истакнаа важноста на грижата за забите.
Во рамки на активностите, учениците проследија и едукативна презентација за забозаштита, каде што се запознаа со правилните навики за одржување на здрави заби и значењето на редовните стоматолошки прегледи.
Преку ваквите активности се поттикнува креативноста, свесноста и одговорноста кај учениците за сопственото здравје.







