По повод „Денот на мобилноста“

учениците од 7-2 одделение заедно со класен раководител Габриела Даскалова Милојевиќ, поддржани од ЕКО Клубот на ООУ „Страшо Пинџур“ – Карбинци, напишаа иницијатива, која ја презентираа пред Градоначалник на Општина Карбинци – Виктор Паунов. 

Иницијативата се однесува за изградба на оградена ПАМ Патека во с. Таринци, која покрај зелена површина, клупи и осветлување со сончево напојување, ќе има и пам патека која ќе служи за возење на нивните велосипеди, ролери, електрични/обични тротинети. 

Со оваа ПАМ патека ќе се подигне нивото за зашта на околината, а воедно и ќе биде катче за младите во оваа општина. 

Состанокот заврши со позитивни размислувања, да од оваа иницијатива дојде до реализација.