Општински натпревар по математика – 30.01.2026

На 30 јануари 2026 година, во нашето училиште се одржа општинскиот натпревар по математика, на кој учениците ја покажаа својата љубов кон знаењето, логичкото размислување и математичките вештини.

Им честитаме на сите ученици учесници за нивната храброст, упорност, посветеност и труд, како и за достојното претставување на нашето училиште. 

Голема благодарност и честитки упатуваме и до нивните ментори за несебичната поддршка, мотивирање и професионална работа со учениците. 

Горди сме на вашите успеси и ви посакуваме уште многу идни победи и успеси! 

Продолжете да учите, да истражувате и да верувате во себе!