На 26.12.2025 година беше реализирано предавање и интерактивна дискусија на тема „Заштита од насилство, злоупотреба и запуштање на ученици со и без попреченост, дискриминација, превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и тутун, учество во игри на среќа и малолетничка деликвенција“

Активноста беше насочена кон едукација на учениците за нивните права, обврски, можностите за заштита, како и важноста на навремено пријавување на секоја форма на насилство, злоупотреба и дискриминација. По презентацијата следеше дискусија во која учениците активно учествуваа со прашања, коментари и лични ставови. Беа поделени брошури на учениците, наставниците и претставниците од Локалната самоуправа, а во училишниот хол беше поставена кутија за анонимно пријавување на насилство, злоупотреба и други проблеми.