Денес имавме чест да се дружиме со ученици од ООУ “Страшо Пинџур” Неготино во нашето училиште!
Во рамките на нивната посета, организиравме креативна работилница во два дела:
Редизајнирање на стара облека со техника “цртање со шаблон” – Учениците имаа можност да ги претворат старите парчиња облека во нови и уникатни дизајни користејќи шаблони и бои. Резултатите беа неверојатни и инспиративни!
Дизајнирање на брошеви и украсни аксесоари од текстилен отпад – Во вториот дел од работилницата, учениците креираа прекрасни брошеви и декоративни аксесоари од текстилен отпад. Оваа активност не само што ги поттикна нивните креативни вештини, туку и ги подучи за важноста на рециклирањето и одржливоста.
Благодарни сме за прекрасната соработка и за сите креативни идеи што ги споделивме заедно.
Овие активности се дел од нашиот проект “Од текстилен отпад до нов производ”, поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој.
Голема благодарност до ООУ “Страшо Пинџур” Неготино за посетата! Се радуваме на идните заеднички проекти!
Голема благодарност до @FitGymKiko за поддршката и обезбедување на дел од ресурсите за работилницата.
Работилницата ја реализираа наставничките Јулијана Поповски, Горица Смилкова и Силвана Ј Бинова










