Интегриран час по Слободен изборен предмет и англиски јазик со учениците од ОУ Страшо Пинџур ПУ Калаузлија

На ден 31.10.2025 година, во рамки на интегриран час по Слободен изборен предмет и англиски јазик, учениците од ОУ Страшо Пинџур ПУ Калаузлија

преку игра и практични активности се запознаа со начинот на прославување на празникот Halloween во англиското говорно подрачје како и за сличностите и разликите со нашите празници. учествуваа во симулација на „trick or treating“, при што тропаа на врата и изговараа изрази карактеристични за празникот, а потоа добиваа чоколатца и бонбони. Дополнително, учениците следеа PowerPoint презентација преку која дознаа повеќе за традициите, симболите и изразите поврзани со Halloween. Преку овие активности, на забавен и искуствен начин, ги прошируваа своите познавања по англиски јазик и култура.