еТвининг проект My Sweet Planet

Во учебната 2024-25 година под менторство на наставничката Силвана Ј Бинова во нашето училиште се реализираше eTwinning проектот „My Sweet Planet“, заедно со партнер училишта од Турција, Романија, Италија и Полска.

Примарната цел на проектот е да се подигне свеста за животната средина кај новите генерации, бидејќи глобалното затоплување го отежнува животот на нашата планета. Целите на овој проект се да се стекне емоционална и уметничка перспектива кон природата, да се научи како да се направат животните простори хармонични со животната средина, да се научи како да се спречи отпадот, да се развијат јазични вештини, да се запознаат различни култури и да се развијат ИТ вештини.

Со овој проект, учениците беа охрабрени да ја сакаат природата и да ја заштитуваат.

Учениците реализираа креативни и соработнички активности со цел:

  • Поврзување на природата и уметноста – истражување и креирање заедничка презентација
  • Истражување и креирање заедничка презентација на тема – Видови загадување
  • Истражување и креирање заедничка презентација на тема – Решенија за различните видови загадување
  • Креирање на содржини како разгледници и заедничка приказна за моите еко навики, итн.
  • Играње на Kahoot игри и сложувалки на тема Нашата планета
  • Презентирање на резултатите од истражувањето на онлајн видео средба