Заедно со учениците од I (прво) одд. од ПУ Караорман реализиравме еко час со содржина “Грижа за здравјето- Прочистување на вода” преку низа активности на самиот час ( проследување на презентација за важноста од чиста вода, споделување материјал потребен за активноста, преку слика на бел лист учениците даваат претпоставки за резултатите што ги очекуваат по проследување на самата активност и на крај ги споредуваат добиените резултати).Учениците дојдоа до заклучок дека нечистата вода може да се прочистува и дека чистата вода е важна за здравјето.
Потребен материјал за активноста:
– пластично шише
-три-четири топчиња памук
– две парчиња памучно платно
-шест-седум ситни камчиња
-две пластични чаши ( една со вода и друга со почва).






