По повод 26 септември –
Европски ден на јазиците, во нашето училиште се одржа јавен час по македонски јазик.
Настанот беше збогатен со промоција на букварчето „Аз и Бука од планетата Азбука“ од проф. Ana Vitanova Ringaceva.
Во активностите учествуваа и проф. Biljana Petkovska (англиски јазик), од Филолошкиот факултет при УГД Штип, како и гости – наставници од ООУ „Страшо Пинџур“ – Карбинци, Cvetanka Aleksovska и Izet Ali ( наставници во одделенска настава )заедно со нивните ученици кои следат настава на турски наставен јазик.
Домаќини на настанот беа одделенските наставници Cvetanka Nikolova (II¹ одделение) и Hristina Kostadinova (III⁵ одделение).
Часот помина во прекрасна атмосфера, исполнета со дружење, учење и промовирање на јазичното и културното богатство.



Leave a Comment