,,ДЕЦАТА ПОД ИСАРОТ” заедно со ,,ФИТ ЏИМ КИКО” донираа во нашето училиште неопходни топки и маички. 

Вашата поддршка значително ќе ја подобри физичката активност и спортската опрема во нашето училиште, што ќе овозможи нашите ученици да уживаат во спортувањето и да се развиваат здраво и активно.

Сигурни сме дека оваа донација ќе има долгогодишен позитивен ефект врз нашите ученици, и Ви благодариме за Вашата голема помош и ангажман во подобрување на условите за учење и спорт. Вашата поддршка е пример за вистинска заедничка грижа за иднината на младите.