Денот на благодарноста како дел од американската традиција

Во пресрет на Денот на благодарноста како дел од американската традиција, на часот по англиски јазик учениците од трето одделение во подрачните училишта во Таринци,Карбинци и Оџалија се запознаа со значењето, суштината и начинот на славење на овој празник. Изработуваа мисирки (како симбол на Денот на благодарноста) и дрво со идеи (I am thankful for…) за што тие се благодарни во животот.