Во рамки на проектот “Од текстилен отпад до нов производ”

Во рамки на проектот “Од текстилен отпад до нов производ” денес во нашето училиште започнаа активностите за реупотреба на текстилен отпад од текстилните конфекции.

Во фаза на сумирање на резултати се и активностите кои се однесуваат на истражувањето за распаѓање на текстилниот  отпад во природата.

Проектот е финансиран од #ФондЗаИновации во рамки на Предизвикот за #ЗелениИдеи5. Од финансиските средства обезбедени се Ласерски печатач во боја, 3Д печатач, Лаптоп и Машина за шиење.

Активностите се реализирани под менторство на наставниците Горица Смилкова, Јулијана Поповски, Силвана Ј Бинова