После посетата на Службата за превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца во Штип, учениците учесници во училишниот проект “Моето здравје и благосотојба преку податоци и наука” во рамки на проектот STEAM Learning Ecologist започнаа со примена на наученото во училницата.
Изработено е Катче за здравје и благосостојба во училиштето и секој ученик доби сопствен Дневник на здравје и благосостојба во кој ќе ги мери и забележува: основните параметри за физичко здравје, моторички и фитнес способности, вид, емоционална благосостојба и дигитална активност. Во катчето се поставени инструменти и упатства за постапки за мерење на истите.
Денес меревме висина, маса, индекс на телесна масат, однос на обем на струк и обем на колкови и пулс во мирување.
Активностите се реализираат во рамки на училишниот проект “Моето здравје и благосотојба преку податоци и наука” во рамки на проектот STEAM Learning Ecologist.
#SLEs#STEAMLearningEcologist#HealthWellbeingCare
Напишано од Михаела Тодевска










