Учениците од 5 одделение при ПУ Караорман го одбележаа Денот на нашата планета

Учениците од 5 одделение при **ПУ Караорман** на часот по англиски јазик, го одбележаа Денот на нашата планета со креативен постер исполнет со едукативни пораки за заштита на животната средина.  

Малите еколози со големи срца ни покажаа како со љубов и знаење можеме да придонесеме за почиста и поздрава природа!  

Активноста се реализираше под менторство на наставничката Викторија А.Голубова.