Учениците од одделенска настава и училишниот хор од ЦУ Карбинци

Учениците од одделенска настава и училишниот хор од ЦУ Карбинци со новогодишна приредба ја испратија старата година, со желби за здравје и среќа во Новата година. За прекрасната костимографија се погрижија наставниците, родителите, а голема благодарност и до директорката Марина Варадинова и професорите од СОУ “Димитар Мирасчиев”- Штип Тие со голема љубов креираа и изготвија костими за нашите ученици.