Со учениците од одделенска настава при ПУ „Крупиште“, во рамки на Неделата на забоздравствена заштита (15–19 декември), беа реализирани едукативни и креативни активности. Учениците проследија презентација за здравјето и хигиената на забите, изработија хамер со „среќно и тажно забче“, лепеа здрава и нездрава храна и демонстрираа правилно четкање на забите. Активностите беа реализирани со активно учество на учениците.










