Недела на информатиката

Во периодот од 05.02.2024 до 09.02.2024 во нашето училиште Страшо Пинџур-Карбинци се спроведоа неколку активности за одбележување на Неделата на информатиката и тоа:

Активност 1 – “Кражба на податоци на Интернет” во вид на игра “соба за бегство”

Активност 2- Работилница “Барометар на чувства” и Kahoot квиз за Денот на побезбеден интернет

Активност 3 -Изработка на презентации на тема “Сајбер насилство”

Активност 4 -“Како се чувствуваме додека сме Online?”- Кодирање со бои

Во активностите беа вклучени ученици од VI,VII и IX одделене под менторство на наставничката по информатика Мартина Атанасова и наставничката по математика Силвана Јакимова Бинова.