Наставници од нашето училиште по четврти пат добитници на Европски признанија
Наставничката по математика и наставник ментор во нашето училиште Силвана Јакимовска Бинова по четврти пат е добитник на признание (на две признанија) во рамки на Кампањата за СТЕМ откритија 2024 (STEM Discovery Campaign 2024) која е организирана од проектот Scientix и Европската училишна мрежа (European School Network).
Првото признание – Награда за дигитално културно наследство, е признание е за реализирани наставни активности со користење на дигитални ресурси од Europeana – платформа за Европското дигитално културно наследство. Оптички илузии, Уметноста на Мондриан и Mатематиката и Симетрии и животни се активностите кои се наградени и истите интегрираат математика, природни науки, дигитални алатки и вештачка интелегенција.
Второто признание – Награда за вештини за иновации поддржана од Интел е заедничка награда со наставничката по биологија и хемија во нашето училиште Горица Смилкова. Оваа награда се однесува на активностите кои во нашето училиште се реализираат во рамки на проектот “Од текстилен отпад до нов производ”. Овие активности вклучуваат развој на голем број вештини кај учениците, од вештини за статистичко и истражување преку експерименти па до креативна реупотреба на текстил и користење на 3Д принтер. Посебно радува овој момент на тимска успешна работа и соработка на наставниците од нашето училиште.
Нашите наставници се наградени во силна конкуренција од 4600 активности и над 10000 наставници. Тие во периодот јуни-јули ќе присуствуваат на работилници во Future Classroom Lab во Брисел.
STEM Discovery Campaign, најистакната од кампањите организирани од Scientix е заедничка меѓународна иницијатива која ги поканува едукаторите, проектите, организациите, библиотеките, училиштата, универзитетите, младинските клубови и сите заинтересирани чинители низ Европа и светот да ги прослават кариерите и студиите во СТЕМ областите.
За време на кампањата, учесниците ги споделуваат своите активности поврзани со СТЕМ образованието на мапа на светот што може да се кликне, од каде заедницата може да пристапи, а потоа да ги репродуцира овие активности.
Првично како еднонеделен настан, од 2020 година овој настан трае од почетокот на февруари до крајот на април секоја година.
Повеќе за кампањата и наградените наставници може да прочитате на https://www.scientix.eu/campaigns/sdc/sdc24-winners




