На ден 08.04. 2024год на часот по англиски јазик учениците од 4-то одделение од ООУ ,,Страшо Пинџур” и ПУ Радање одржаа заеднички час под мотото: ,,Јазикот не е пречка за нашето другарување – ние со исто срце празнуваме”. Часовите се одржаа на три јазика : англиски, македонски и турски јазик.
За време на часовите учениците имаа можност да се запознаат со најголемите и најрадосните празници за нив – Велигден и Рамазан Бајрам, да научат кои се сличностите помеѓу нив а кои се разликите, да научат и за дел од обичаите и традициите при нивното празнување како и за самата суштина на празниците.
Часовите се реализираа под менторство на наставничките Билјана Алексова и Катерина Стојановска.











