Денес, учениците од 7-1 и 8-2 одделение беа дел од активности за одбележување на #SaferInternetDay во рамки на иницијативата Недела на информатика на #DigEd.
Преку интерактивни игри од проектот Практично учење преку симулација на игри за подобрување на вештините за сајбербезбедност #SHIELD, учениците учеа како да бидат побезбедни на Интернет.
Играа „Дигиталната потрага на Сара“ и „Тикток заговор: Мисија за дигитален опстанок“, каде преку забава и предизвици ги развиваа своите вештини за критичко размислување и препознавање на онлајн закани.
Безбедноста на Интернет е од клучно значење, а преку вакви иновативни методи ги подготвуваме нашите ученици да бидат одговорни и свесни дигитални граѓани.





