Денес учениците учесници во проектот  „Здравје и благосостојба преку податоци и наука“

Денес учениците учесници во проектот  „Здравје и благосостојба преку податоци и наука“ ги презентираа реализираните активности и резултати пред директорката на училиштето, наставници и соученици!

Проектот е дел од STEM Learning Ecologies, на наставничката Силвана ЈБинова во соработка со наставничката Јулијана Поповски, и со поддршка од здравствени институции од Штип.

Во текот на неколку месеци, учениците:

Истражуваа параметри за физичко и емоционално здравје,

Мереа моторички способности и дигитална активност,

Анализираа податоци и изработија постери со препораки за подобра благосостојба,

Активно се вклучија во промоција на здрави навики!

Честитки за сите ученици за вложениот труд, одговорност и креативност! Ваквите активности не само што ги унапредуваат знаењата и вештините, туку ги инспирираат младите да бидат активни граѓани и промотори на здрав живот!

Благодарност за поддршката до сите присутни наставници и ученици